Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*

Термин

Од 06.06.2023 До 13.06.2023

1/2 и 1/3

Слободно
169.00 €
145.00 €
10,478.00 den
8,990.00 den

План и програма

    ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. Агенцијата ги контактира патниците на ден до два дена пред поаѓање. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел GRAND GOLD 3* кој има своја приватна плажа.

    Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотелот каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

    Check in: 14:00 часот (локално време)
    Check out: 09:00 часот (локално време)

    СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

    Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

    Ноќевање.

    Секој ден започнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
    За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се патува кон Кумбургаз.

    Во Истанбул се посетува следното:

    По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

    КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
    Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

    Балат-Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

    Галата Порт-Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

    Таксим-Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!

    Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Што е вклучено во цената

    Седум ноќевања во хотел Grand Gold 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
    Автобуски превоз
    Бесплатни лежалки
    Користење на базен
    Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Неготино,Гевгелија, Прилеп, Битола
    Користење Wi-Fi во лоби на хотел

Што не е вклучено во цената

    Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
    Патничко осигурување (1 евро од ден)
    Факултативни излети.

Важно

Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Деца од 3 до 11,99 години придружувани само со еден родител,аранжманот го плаќа 100%
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија или Грција (дозволен транзит) до Турција
За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново),Гевгелија,Неготино, Прилеп, Битола.

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Кумбургаз 2023-Хотел Марин Принцес
Кумбургаз 2023-Хотел Марин Принцес

Хотелот Marin Princes e паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.

Погледни
Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*
Кумбургаз 2023-та Hotel Grand Gold 3*

Сместување е во хотел GRAND GOLD 3* и е на сама плажа во Кумбургаз, кој има своја приватна плажа и за користење на лежалка не е потребна доплата. Хотелот располага со различен тип на соби од кои можат да се сместат најмалку 2 лица до макс. 5 лица а вкупниот број на соби е 73. Во склоп на хотелот има два ресторани и надворешен базен кој е со солена вода секако бесплатен за користење. Во хотелските соби има мини фрижидер. Хотелот нема спа и фитнес.

Погледни