ПАРАЛИА - ХОТЕЛ МЕЛБУРН

Паралиа е град кој живее цела година, а преку лето и 24 часа во денот. Крајно динамичен и содржаен, овој туристички град со години претставува главна туристичка атракција за многуте млади туристи, кои решаваат својот летен одмор да го поминат во регионот на Пиериа. Безброј хотели и објекти за сметување, ресторани и кафулиња, пицерии и продавници, супермаркети и бутици, ноќни клубови и дискотеки… се се’ што можат да посакаат и нај специфичните туристи од регионот и пошироко. Долгата плажа од преку три километри чист песок, која на југ се протега до Олимпик Бич, а на север до Коринос, е една од најубавите во Грција. Атрактивните содржини со бројните бич-барови, разните клубови и водените спортови, Паралија и нејзините плажи ја издвојуваат за атрактивна дестинација за летен одмор.

ХОТЕЛ МЕЛБУРН
Хотел Мелбурн се наоѓа на 250м од плажа. Располага со 1/4 апартмани кои се опремени со одвоена спална (со брачен кревет или два одвоени кревети) и кујна во која има дополнително има една или две софи кои се пуштаат и тоалет. На најгорниот кат хотелот има и ½ студија (без кујна) кои имаат сопствено купатило, клима, телевизор и фрижидер. Сите соби располагаат со ТВ, клима уред, Wi-Fi и тераса. Хотелот поседува и лифт.. Ценовник бр.1 (01.12.2023)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз), трето и четвтро лице гратис сместување во апартман!!!

-20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТИ ДО 31.12.2023

СМЕНА ПЕРИОД НОЌЕВАЊА ½ СТУДИО ¼ АПАРТМАН
1 25.05-01.06 7 75 ПРОМО 90 ПРОМО
2 01.06-08.06 7 85 ПРОМО 100 ПРОМО
3 08.06-15.06 7 130 150
4 15.06-22.06 7 140 160
5 22.06-29.06 7 150 180
6 29.06-06.07 7 160 190
7 06.07-13.07 7 170 200
8 13.07-20.07 7 180 220
9 20.07-27.07 7 190 230
10 27.07-03.08 7 190 230
11 03.08-10.08 7 190 230
12 10.08-17.08 7 190 230
13 17.08-24.08 7 180 220
14 24.08-31.08 7 170 210
15 31.08-07.09 7 150 200
16 07.09-14.09 7 140 180
17 14.09-21.09 7 100 ПРОМО 140 ПРОМО


-За патување со сопствен превоз од цената се намалува 10 евра по лице

Доплата за превоз
45 евра за возрасни и 35 евра за деца до 12год
- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
· Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме. Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седиштата 1 и 2 )
· Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.
- За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
- Промо цените се со пресметан попуст и не се одбива за патување со сопствен превоз,
- Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
· Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
· Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.
· Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

НАПОМЕНА
- За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

 

 

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Вила ''Еva 2''-Неа Флогита
Вила ''Еva 2''-Неа Флогита

Вила Ева 2 е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 30 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката .Апартманите се на трет кат.

Погледни
Вила ,,Katerina Lux''-Неа Флогита
Вила ,,Katerina Lux''-Неа Флогита

Вила ,,Katerina Lux'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, во близина на вилите ''Maria'' и ''Corfu'' , веднаш позади најголемата слаткарница ,,SWEET BEACH'' на околу 70 м. од плажа.Вилата располага со два 1/6 дуплекси (дневен престој, две оделени спални соби, во првата француски лежај во втората два одделни кревети , комплетно опремена кујна, WC , голема тeраса).

Погледни
ПОЛИХРОНО - ВИЛА БИСЕРА
ПОЛИХРОНО - ВИЛА БИСЕРА

Полихроно е убаво туристичко место на полуостровот Халкидики опкружено со бујна вегетација и долга песочна плажа. Се наоѓа на околу 100 км југоисточно од Солун. Прекрасната песочна плажа природната убавина, срдечноста и гостопримливоста на домаќините, добро организираната инфраструктура на хотели, маркети, пекари, таверни, ресторани, кафичи, пицерии се гаранција за пријатен и незаборавен одмор.

Погледни