ПОЛИХРОНО - ВИЛА БИСЕРА

Полихроно е убаво туристичко место на полуостровот Халкидики опкружено со бујна вегетација и долга песочна плажа. Се наоѓа на околу 100 км југоисточно од Солун. Прекрасната песочна плажа природната убавина, срдечноста и гостопримливоста на домаќините, добро организираната инфраструктура на хотели, маркети, пекари, таверни, ресторани, кафичи, пицерии се гаранција за пријатен и незаборавен одмор.

ВИЛА БИСЕРА - ПОЛИХРОНО
Villa Bisera е нов објект лоциран непосредно до еден од влезовите во Полихроно. Оддалеченоста од околу 70м до главната улица која минува крај црквите во Полихроно, како и дополнителните 300м до градската плажа, ја карактеризираат вилата како одличен избор за престој во Полихроно. Овој целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар, од минатата година се вброи меѓу најубавите објекти за приватно сместување во ова познатото туристичко летувалиште. Во својот состав објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите ката на зградата. Студијата освен со мини кујна опремени се и со дупли и помошен лежај на отварање, кој е соодветен за сместување на дете како трето лице. Апартманите пак имаат посебна спална соба во која се наоѓа дуплиот лежај и дневна соба во која освен одлично опремена кујна има и кауч со фиока (душек) на отварање. Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица. Во сите единици од објектот, кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет. Во студијата, како и во апартманите (во двете простории) се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно. Во објектот е овозможено и користење на WiFi интернет. Паркингот е можен на улиците во неговата близина.

· Цените се дадени за наем на студио/ апартман на 7 ноќeвања
· Доплата за превоз 45 евра за возрасен, 35 евра за дете до 12 години



СМЕНА ПЕРИОД СТД ½+1 АПП ½+1+1 без тераса АПП ½+1+1 АПП ½+1+1 страничен кон море АПП1/2+1+1 Поглед море
1 26.05-02.06 136 149 167 184 197
2 02.06-09.06 176 193 216 240 256
3 09.06-16.06 212 232 259 287 307
4 16.06-23.06 254 278 311 345 369
5 23.06-30.06 279 306 342 379 405
6 30.06-07.07 307 336 377 417 446
7 07.07-14.07 338 370 414 459 490
8 14.07-21.07 371 406 455 504 539
9 21.07-28.07 409 447 501 555 593
10 28.07-04.08 449 492 551 610 653
11 04.08-11.08 449 492 551 610 653
12 11.08-18.08 449 492 551 610 653
13 18.08-25.08 428 468 525 581 622
14 25.08-01.09 389 426 477 528 565
15 01.09-08.09 354 387 434 480 514
16 08.09-15.09 322 352 394 437 467
17 15.09-22.09 268 293 329 364 389
18 22.09-29.09 206 226 253 280 300


Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови. Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1парче рачен багаж.

Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување

Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 06:00 ч. (паркинг сц Борис Трајковски)
- Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
· Туристичка такса се плаќа на лице место
За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

Попустот важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

НАПОМЕНА

За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.

Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,ТА Скаут не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.

Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

 

 

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Aпартман ''Anastasija''-Неа Плагија
Aпартман ''Anastasija''-Неа Плагија

Апартман ''ANASTASIJA'' е лоциран во центарот на Неа Плагија, во близина на таверната ,,Hriso Pagoni'' и на околу 60 м. од плажа. Располага со 1/4+2 дуплекс,со две одделни спални соби во едната француски лежај, во другата спална соба два единечни кревети, дневна соба со легла на извлекувања во продолжение е и комплетно опремена кујна, WC, и голем балкон.

Погледни
Villa Spiridula - Skiathos
Villa Spiridula - Skiathos

На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море.

Погледни
ЕДИПСОС (ЕВИЈА) - ВИЛА AСТЕРИА
ЕДИПСОС (ЕВИЈА) - ВИЛА AСТЕРИА

Eвија, вториот по големина остров во Грција или трет на источниот Медитеран, се наоѓа на одалеченост од околу 490 км од Скопје. Богатата флора и фауна, поволните климатски услови, долгата сезона, мноштвото убави плажи и термални извори, ја чинат Евиа една од најпопуларните дестинации помеѓу домашното население. Главниот град на островото е Халкида, која во минатото била еден од најразвиените и највлијателните градови во Античка Грција

Погледни