Автобус / 5 дена/ 2 ноќевања
ВИЕНА - актуелна престолнина на Австрија и некогаш главен град на моќната Австроунгарска Империја.
Денес модерна туристичка метропола на бреговите на убавиот плав Дунав. Градот шармира со убавите Палати на Царскиот Hoffburg и Шенбрунските паркови,како и со богатите уметнички колекции... шопинг и гурманско уживање во многубројните ресторани. Градот во кој живееле и твореле Гете, Фројд, Бетовен, Ајнштајн,Моцарт...
29.12 Недела СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 12:30 часот. Тргнување кон Виена во 13:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
30.12 Понеделник Шопинг центар Parndorf - ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови индивидуална прошетка низ центарот на Виена, слободно време за прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ прекрасните улици на Виена. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
31.12 Вторник ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на Виена. Посета на Пратер, забавен парк за сите возрасти и се состои од различни атракции, угостителски и забавни објекти. Се наоѓа на северозападниот врв на Grüner Prater во вториот округ во Виена. Време предвидено за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Mariahilferstrasse. Враќање во хотел. Вечерта околу 21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на еден од најмагичниот плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
01.01. Среда ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф.. Враќање во центарот на Виена. Слободно време за индивидуaлни активности и прошетка во градот. Во попладневните часови заминување кон Скопје.
02.01 Четврток СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11: 229 € / 14.200 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 мкд