Атина 29.12

 

29.12.2024 Недела                             Скопје – Атина

Состанок на групата на Хотел Русија во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

30.12.2024 Понеделник                    Атина

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет...) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон...) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.

Ноќевање.

31.12.2024 Вторник                           Атина – Пелопонез

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич 08:00 часот. Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал. Се посетува и Епидавр или Епидариус - родното место на Асклепии, бог - лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика. Се продложува кон Нафплио - првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Слободно време. По слободното време враќање кон Атина, а по пат  ќе го видите панирамски  градот Микена - град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција.. Враќање во хотел. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите во Атина.

Ноќевање.

01.01.2025 Среда                               Атина – Пиреја- Сунион

После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Сунион на 01.01.2025 е затворен, но се гледа од надвор, а погледот ќе ве воодушеви. По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 02.01 Вторник

 

ПРОМО ЦЕНА за резервации до 31.10: 159  /9.860 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179  /11.100 мкд

Што е вклучено во цената

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    Задолжително патничко осигурување

    Факултативна посета на Пелопонез (45 €)-не е вклучена влезницата за театарот во Епидариус (12 €)

    Посета на Пирејa и Сунион (20€)

    Влезница за во Акропол со водич (30 €)

    Туристичка такса 4 € за двете вечери( се плаќа во автобус)

    Индивидуални трошоци

    Пакет факултативи 90 €

Што не е вклучено во цената

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    Автобуски превоз на дадената релација

    2 ноќевања со појадок во хотел во центарот на Атина

    Дочек на Нова Година на плоштад во Атина

    Панорамски разглед со водич


    Организација на аранжманот и туристички пратител во текот на патувањето

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Будимпешта 30.12
Будимпешта 30.12

Погледни
Букурешт 28.12
Букурешт 28.12

Погледни
Загреб 29.12
Загреб 29.12

Погледни