Будва 29.12

 

 

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

Будва за Нова Година година e популарна поради Балканските изведувачи и прекрасната програма на плоштад. Оваа Новата Година ќе ја дочекате соТони Цетински, Ван Гог, Џорџе Давид и Ивана Петерс, Жељко Јоксимович и Марија Шерифович.

 

 

29.12.2024Недела                           Скопје – Будва

Состанок на групата во 22.00 ч. Поаѓање за Црна Гора во 22.30 ч. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

30.12.2024Понеделник                    Будва

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивидуални активноски

Ноќевање.

31.12.2024Вторник                           Будва-Дубровник

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Индивидуален дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.

01.01.2025Среда                               Будва-Тиват-Котор-Македонија

Напуштање на собите. Заминување на екскурзија. Првото место што се псоетува е Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии, а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно време. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје после полноќ.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 € / 6.760 мкд

Што е вклучено во цената

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    Автобуски превоз

    Две ноќевања во приватни вили

    Пратител на групата за времетраење на аранжманот

    Организирана прошетка во Будва

    Организација на патувањето

Што не е вклучено во цената

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

    Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување

    Туристичка такса од 2 евра (се плаќа во автобус)

    Факултативна посета на Котор и Тиват-25еур

    Факуптативна посета на Дубровник-30еур

    Индивидуални трошоци.

Важно

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

При уплата на аранжманот, патникот задолжително да се изјасни дали ќе оди на факултативите (палќењето е во автобус)

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањет

Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

Т.А МАГЕЛАН ТРАВЕЛ го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Атина 29.12
Атина 29.12

Погледни
Будимпешта 30.12
Будимпешта 30.12

Погледни
Загреб 29.12
Загреб 29.12

Погледни