Загреб 29.12

                                                 ЗАГРЕБ  (со посета на Љубљана)

 

1 Ден     29.12 Недела                                     СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ


Состанок со групата на паркингот пред поранешен хотел Бристол во 19.30 часот , тргнување во 20:00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.


2 Ден     30.12 Понеделник                             ЗАГРЕБ


Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија.

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Враќање во хотел. Ноќевање.  

3 Ден     31.12 Вторник                                     ЗАГРЕБ


Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Враќање во хотел. Ноќевање.


4 Ден     01.01 Среда                                          ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ


Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот:  Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

За уплата до15.11:  229 € / 14.200 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  239  / 14.820 мкд

 

 

Што е вклучено во цената

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
    -Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
    -Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
    -Организиран разглед на Загреб со локален водич

    -Посета на шопинг центар Arena Centar
    -Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    -Посета на Љубљана 50 €
    -Патничко – здравствено осигурување

    -Туристичка такса 400 мкд по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
    -Доплата за еднокреветна соба 5500 мкд


    -Доплата за избор на седиште во автобус 10 €
    -Дете до 3 години гратис (без легло)
    -Дете од 3-7 години (без легло, со седиште во автобус) 6.140 мкд за две ноќевања

Важно

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Бест Травел
Viber
 

Слични понуди

Загреб 29.12
Загреб 29.12

Погледни
Букурешт 28.12
Букурешт 28.12

Погледни
Будва 29.12
Будва 29.12

Погледни