Положба: Хотелот Tecimen е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.
Сместување: Хотелот Tecimen располага со вкупно 37 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, сопствена бања (туш или када, тоалет,фен за коса), клима уред (со доплата во месец Јуни и Септември), ТВ, телефон, бесплатна Wi-Fi конекција.
Услуга: Хотелот е на база BB (ноќевање и појадок- шведска маса). Хотелот располага со еден ресторан кој располага со затворен и отворен дел. Во овој ресторан гостите може да пробаат разновидни регионални и интернационални јадења. Хотелот исто така располага со еден бар.
Бесплатни услуги: користење на главниот ресторан за време на доручек, Wi-Fi конекција, паркинг, базен на отворено, лежалки и чадори покрај базенот, ТВ салон, градина.
Услуги со доплата: користење на клима, пијачки во барот, лежалки и чадори на плажа, сеф, телефон, медицински услуги,водени спортови.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, еден бар, паркинг, 24/7 рецепција, надворешен базен, градина.
Плажа: Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.Оваа песочна плажа е препознатлива по нејзината локација, која е блиску до центарот на градот и по нејзината чиста вода. Во близина на плажата се наоѓаат безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, лежалки и чадори, водени спортови, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, дестско игралиште.
| ТЕРМИН | АРАНЖМАН 10 НОЌИ |
| 01.06-11.06 | 149 eur |
| 06.06-16.06 | 154 eur |
| 11.06-21.06 | 159 eur |
| 16.06-26.06 | 164 eur |
| 21.06-01.07 | 169 eur |
За дете до 5.99 години: 80 eur.
За деца од 6 до 11.99 години: -20% попуст.
Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.
Само превоз Скопје – Кушадаси
Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur
Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur
Flora Suites хотелот е лоциран на 700 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 6 километри оддалеченост од центарот на градот.
Хотелот Tecimen е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Во близина на хотелот се наоѓаат сите неопходни туристички атракции, маркети, ресторани, барови, банки, продавници за сувенири. Хотелот е оддалечен на 400 метри од градската плажа и на 2.5 километри од плажата Ladies Beach.
Papatya хотелот е лоциран на 200 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 17 километри оддалеченост од центарот на градот.