Истанбул-Нова Година 2026

И С Т А Н Б У Л

Посетата на Истанбул не е само обична посета на еден град, тоа е буквално магија која после првата посета Ве прави зависник и посакувате повторно и повторно да го посетите овој магичен град.

Нашата програма за посета на Истанбул е следна:

1 ден 30.12.2025 (Вторник )

Поаѓање во попадневните часови од градовите:Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија (граница). Сe патува преку Грција со попатни паузи.

2 ден 31.12.2025 (Среда)

Пристигнување во Истанбул.

Со локален водич го започнуваме со задолжителниот разглед на Европскиот дел на Истанбул. Најпрво панорамски разглед на областите Аксерај и Лалели, Универзитетот Бејазит под Римскиот аквадукт, Џамијата Сулејмание, покрај Египетскиот пазар, Галата мостот итн. Разгледот продолжува покрај заливот ''Златниот Рог'' кој е долг 7 км и го дели европскиот дел на два дела Потоа се упатуваме кон христијанската населба Балат која е позната по многуте шарени куќи обоени во различни бои, кои и даваат посебен сјај на оваа населба, исто така овде се наоѓа и Вселенската Патријаршија , старата Грчка гимназија и Железната црквa која е градена од македонски мајстори и овде е закопан Партеније Зографски.

По завршување со разгледот се упатуваме кон хотелот каде сместувањето е попладне , по добивање на собите во договореното време групата има можност за пешачка тура со локален водич до Капали чаршија а потоа се продолжува и до Хиподромот каде се наоѓаат Аја Софија, Сината џамија , Аквадуктот, Топкапи и многу други културно историски споменици , по завршување на пешачкиот разглед со локалниот водич каде се остава групата за слободни активност и индивидуалн разглед.

3 ден 01.01.2026 (Четврток)

После појадокот се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминуваќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај кон плоштадот Таксим,слободно време за индивидуални активности

Враќање кон хотелот.Слободни активности.

Ноќно крстарење на Босфорот- факултативна можност за три часовно ноќно крстарење по Босфорот од каде се гледа прекрасната палата Долма Бахче и Џамијата Ортакуј , придружено со традиционални турски танци, неограничени безалкохолни пијалоци и 2 чаши алкохол , три вида мени по избор. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 02.01.2026 (Петок)

После појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Таксим – плоштадот до кој се пристигнува поминуваќи покрај Галата Кула и познатата улица Истиклал која изобилува со многубројни бутици, ресторани, кафетерии и по која се движи познатиот црвен трамвај кон плоштадот Таксим,слободно време за индивидуални активности.

После појадокот се упатуваме на факултативата -Крстарење по Босфорот + Азиски дел на Истанбул.

Во договореното време гупата се упатува кон шопинг центарот ''ФОРУМ'' во чија близина се наоѓа и Декатлон. Слободно време за шопинг и ручек . Попладнето поаѓање за Македонија ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 03.01.2026 (Сабота)

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

ПРОМО ЦЕНА 139 евра (8.620 ден.)

Редовна цена - 159 евра (9.860 ден.)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

Во цената на аранжманот не е вклучено:

НАПОМЕНА:

Галерија

Viber
 

Слични понуди

Прага-Нова Година 2026
Прага-Нова Година 2026

Погледни
Азурен брег -Нова Година 2026
Азурен брег -Нова Година 2026

Погледни
Милано-Нова Година 2026
Милано-Нова Година 2026

Погледни